Според информациите на весникот „Комерсант“, станува збор за воведување антидампинг царини од 13,66 отсто за руската металургија, што е многу повеќе од цената која беше претставена во август, т.е. пред инцидентот со соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија.
Министерството за економија на Турција во петокот на 22 јануари ги објави конечните резултати од истрагата за увозот на металуршки производи, според која руските металурзи добиваат дампинг маржа од 13,66%.
Како што наведува „Комерсант", повикувајќи се на мислење на изворите, антидампинг истрагата е веројатно политички мотивирана затоа што поевтиниот украински увоз е во целост исклучен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче