Српот и чеканот, пред сè, асоцираат на симболот на масоните: „сечило и чекан“. Овие предмети jасно ја формулирале целта (сечило) и неговата реализација (чекан). Извор: Lori / Legion Media
Потеклото на советскиот грб не е еднозначно. Најпрво биле направени неколку варијанти: срп и чекан, чекан и гребло, гребло и вила, чекан и плуг. Чеканот традиционално во европските држави бил симбол на работниците. Заедно со алатот на селската работа требало да ја илустрира познатата парола на Ленин за обединување на пролетеријатот и работничкото селанство. Во април 1918 година била одобрена конечната варијанта на амблемот. Нејзин автор е московскиот уметник Евгениј Камзолкин. Летото 1918 година на Петтиот конгрес на Советите официјално е прифатен овој симбол.
Интересно е што Камзолкин воопшто не бил комунист, бил голем верник од богато семејство. Повеќе од десет години бил член на уметничко-мистичкото Друштво на Леонардо да Винчи и знаел апсолутно сè за симболите. Српот и чеканот, пред сè, асоцираат на симболот на масоните: „сечило и чекан“. Овие предмети јасно ја формулирале целта (сечило) и неговата реализација (чекан). Во европската религиозна симболика чеканот се поврзува со агресивната машка сила, како физички (чеканот на ковачот Хефаст во Грција), така и смртоносно. Него во рацете го држат боговите-громовници: словенскиот Сварог и скандинавскиот Тор. Во Кина и во Индија е симбол на деструктивниот триумф на силата на злото.
Тешко е да се каже кое значење го внел Камзолкин во својот цртеж. Дали ја исполнувал исклучиво наредбата на сојузот на селаните и работниците, или во овој симбол го внел и својот однос кон револуционерната власт, одбирајќи симбол на смртта, на војната и на триумфот на злото.
Рускиот филозоф Алексеј Лосев ја дал следнава оценка за грбот: Тоа е знак кој ги придвижува народните маси. Тоа не е само знак, туку и конструктивно-технички принцип на човековото делување и насоченоста на волјата. [...] Пред нас е симболот на заедништвото на работникот и селанецот, симбол на Советската држава“.
Познатиот историчар и академик Јуриј Готје во 1921 година во својот дневник запишал: „Низ Москва веќе неколку дена се слуша една досетка поврзана со прашањето како ќе се заврши сета работа со болшевиците. Одговорот се наоѓа во зборовите „молот, серп“ (мак. „чекан, срп“), доколку се прочитаат одзади!“ На тој начин се добива зборот „престолом“ (зборот „престол“ во инструментален падеж означува „со престол“ – заб. прев.). На ваков начин московјаните алудирале на диктаторските методи на болшевиците.
Во различни религии српот се интерпретира како смрт. Сноповите и жетвата во христијанството се идентификуваат со човечките души кои Косачот, односно Господ, ги собира по крајот на светот. Интересно е што средновековната смрт не се прикажувала со коса туку токму со срп. Во индоевропските и во словенските пагански обичаи постои божица Мара или Морана – господарка на смртта која традиционално во раката држи срп. Интересно е што на грбот на револуционерната Австрија орелот држи срп во левата канџа. И на советскиот грб српот се наоѓа на таа страна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче