Фестивалот се одржа за првпат, и тоа без никаква поддршка од спонзори. Извор: Press Photo
Хакасија – земја на птици, степи и шамани Доколку сте љубители на недопрената природа, ви претставуваме еден мошне интересен резерват во Русија, каде навистина за секого постои по нешто интересно. |
Тапани, ритуали, медитација, мистерии и грлено пеење се дел од програмата. Организаторите, исто така, ветија и одржување на интересни семинари и мастер-класови на теми поврзани со духовната практика на шаманите и на вражањето. Сите заинтересирани можеа да го научат „орелскиот танец“, кој е дел од духовната здравствена програма. Целта на фестивалот е оживување на шаманските традиции.
Идејниот татко и главен организатор на фестивалот е учителот по грлено пеење (хумеј) Николај Оорзахак, наследник на тувискиот шаман од кланот Црно небо. Фестивалот се одржа за првпат, и тоа без никаква поддршка од спонзори.
Сепак, организаторите успеаја во пронаоѓањето на посебно место за одржување на овој настан и тоа во туристичката база Шик-Бажи во округот Џун-Хемчикски.
Почесниот гостин на фестивалот, мексиканскиот шаман Дон Роџелио Кариљо, рече дека сличноста на неговиот народ и на Туванците го привлекла да се реши на едно вакво далечно патување.
„Практикуваме мошне стара шаманска традиција. Колку е стара таа? Па, сигурно околу 2.000 години. Немаме пишани докази, но знам дека со неа се имаат служено и моите предци“, вело Дон Роџелио.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче