Руска рибина чорба - уха. Извор: Lori / Legion Media.
Налето риболовната сезона е во полн ек и милиони Руси одат на ритуално поклонување на своите омилени места за риболов. Растојанието може да е само неколку километри од дома, но може и да е на другиот крај на земјата.
Резултат од сето тоа може да е десетина незадоволни домаќинки, но може и да е подготовка на неколку неверојатни рибини супи, од кои ухата сигурно е најпознатата и можеби највкусна .
Навистина, ухата најчесто се приготвува на камперски оган крај брегот на реката, каде рибата е штотуку фатена. Сепак, ако најблискиот допир со реката е минувањето со автомобил покрај неа на пат кон работа, не грижете се, супата е исто толку добра кога е приготвена во кујната, независно од тоа што раскажуваат рибарите. Убавината на оваа супа, всушност, е едноставниот и лесен начин на подготвување - таа е јадење кое оди со сè и со кое може да се експериментира. Сакате да се стави повеќе компири или помалку кромид? Немате никаков проблем. Мислите дека кечигата е подобра од лососот? Само смело напред. Порано или подоцна ќе дојдете до рецептот, кој е совршен за вашиот вкус. Ви нудиме еден рецепт, наречен тројна уха, бидејќи во неа се користат три вида риба .
РЕЦЕПТ
Потребни производи
6 чаши вода
900 грама корушка и гргеч или два вида од која и да е мала слатководна риба; цели, добро исчистени
450 грама лосос филе без кожата
1 голем морков, излупен и исечен на ленти
1 страк керевиз, заедно со лисјата
50 грама вотка
1 кромид
3 свежи компири
1 / 3 кафена шолја бибер во зрна
2 излупени моркова
1 излупен пашканат
1 врзоп зачини (магдонос, мајчина душица, дафинов лист , врзани со канап)
5 лажички сечкан праз
1 дафинов лист
Сол и бибер по вкус
Начин на приготвување
Во големо тенџере ставете вода, малите риби, исечениот морков, пашканат, праз, кромидот и врзопот со зачини ставете ги да зовријат. Собирајте ја пената секогаш кога ќе дојде работ од садот.
Намалете ја температурата, поклопете и оставете да врие 35 минути.
Прецедете ја супа преку ситна цедалка во нов сад. Фрлете ги цврстите остатоци.
Вратете ја супа на шпоретот и додадете ги компирот и морковот. Оставете ја супата да зоврие, намалете ја температурата и оставете да врие околу 25 минути или додека се свари зеленчукот.
Прецедете ја уште еднаш супата во чист сад, па фрлете ги сите мали парчиња. Измијте ги компирите и морковите и оставете го настрана.
Додадете го филето од лосос и варете на ниска температура, сè додека се свари (околу 5 минути). Овој рецепт вклучува лосос, но вие може да користите која и да е слатководна риба (есетра, пастрмка, треска или крап) .
Пробајте и додајте зачини .
Додајте дафинов лист и црн пипер во зрна.
Додајте вотката неколку минути пред да ја исклучите ринглата.
Исечете ги компирите на резанки, а морковите на коцки. Сипете ја супа во чинии, па додајте неколку компири и исечени моркови во секоја од нив.
Посипете со праз и сервирајте.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче