Маша и Настја за ќе ги бранат боите на Русија

Иако се многу млади, 17-годишните сестри Толмачеви зад себе имаат импозантно музичко искуство. Извор: Press Photo.

Иако се многу млади, 17-годишните сестри Толмачеви зад себе имаат импозантно музичко искуство. Извор: Press Photo.

Близначките кои победија на детската Евровизија 2006 ќе ја претставуваат Русија во Копенхаген на Евровизија 2014 во мај годинава. Некои од главните адути на овие сестри е шармот, способноста да ја раздвижат публиката и да понудат искрен и ефектен настап, како и одлична вештина на пеење во два гласа.

Телевизискиот канал „Русија 1“, кој оваа година ќе го пренесуваат натпреварувањето на Евровизија 2014 на територијата на Русија, ги објави имињата на руските учесници. Неочекувано за мнозинството експерти и за гледачите, Русија во Копенхаген ќе ја претставува сестринското дуо Толмачови. Близначките Маша и Настја се во предност во однос на конкурентите – за разлика од сите останати, тие веќе имаат победено на Евровизија. За волја на вистината тоа беше детската Евровизија во 2006. 

Победата на сестрите Толмачови на детската Евровизија беше прва победа за руските изведувачи. Девојчињата уште во 2006 година на една прес-конференција изјавија дека сонуваат еден ден да се појават на Евровизијата за возрасни.

Марија и Анастасија Толмачови ја исполнуваат својата песна „Пролетен џез“ на детската Евровизија во 2006 година.

Иако се многу млади, 17-годишните сестри Толмачеви зад себе имаат импозантно музичко искуство. Тие уште од детството започнаа музички да се образуваат во музичката школа во Курск, а потоа и во музичкиот театар. Првите успеси на Толмачови се победите на фестивалите „Златна лаѓа“, „Невски ѕвездички“ и „Соѕвездие на млади“. Една година откако победија на детската Евровизија со песната „Пролетен џез“, која самите ја имаа напишано, Толмачови го снимија својот прв албум под назив „Половинки“, дебитираа како водителки во неколку популарни телевизиски емисии и учествуваа во новогодишен телевизиски мјузикл. 

Некои од главните адути на овие сестри е шармот, способноста да ја раздвижат публиката и да понудат искрен и ефектен настап, како и одлична вештина на пеење во два гласа. Тие на детската Евровизија победија поради тоа што успеаја да им се допаднат на публиката и на жирито, да ги восхитат со оригиналноста на својот настап, леснотијата и „близначката“ музикалност. Толмачеви во 2007 година го објавија успешниот албум под назив „Половинки“.

Две децении од руското деби на Евровизија
Редакцијата на „Руска реч на македонски“ Ви нуди специјален текст за учествата на Русија на Евровизија..

„Сестрите Толмачеви веќе допатувале во Москва“, се вели во рускиот организациски комитет на Евроазија 2014. Со што се занимавале во последниве години? Учеле, пееле, оделе на училиште – сепак тие се во 10 одделение. Маша и Настја во Москва ќе започнат со пробите за натпреварувањето. Нема многу време: треба да се осмисли настапот, да се поработи на англискиот изговор. Веќе на 27 април треба да тргнат во Данска, каде сестрите Толмачеви ќе ја имаат првата проба на евровизиската сцена. 

Европската радиодифузна унија (EBU) која ја организира Евровизија, во јануари веќе го направи распоредот на земјите учеснички во полуфиналињата. Според овој распоред Толмачеви добија место во првиот дел од полуфиналето, кое ќе се одржи на 6 мај. Во натпреварувањето оваа година ќе учествуваат 37 земји. Во првото полуфинале ќе настапат 16 земји, а во второто полуфинале на 8 мај ќе учествуваат 15 земји. 

Оваа година Евровизијата ќе се одржи во Копенхаген од 6 до 10 мај. Минатата година руската претставничка Дина Гарипова со композицијата „What If“ („Што ако“) го зазеде петтото место. 

Во подготовката на текстот користени се материјали од изданијата на РИА Новости, Росијскаја газета, Комерсант, newsru.com и gazeta.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња