Руските и кинеските медиуми треба „да го срушат непроменливиот монопол на Западот на правото на глас во меѓународните работи“, изјави амбасадорот на Кина во Русија Ли Хуеј, соопшти ТАСС, а пренесува „Взгљад“.
Според неговите зборови, медиумите „на двете земји треба од стратешка висина да ја планираат иднината и да придонесат за збогатување на содржината на соработката“.
Истовремено, медиумите во Русија и Кина треба во „различни формати да го унапредат дијалогот и размената на вестите, како и да ја унапредат размената на специјалисти, техничките достигнувања, организираат заеднички интервјуа, подготовка на вестите и дистрибуцијата на материјалот“.
Кинескиот амбасадор истакна дека руските и кинеските медиуми можат заедно „да даваат свое толкување за важните меѓународни настани и регионалните актуелни проблеми”, што ќе помогне да се „сруши непроменливиот монопол на Западот над правото на глас во меѓународните работи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче