Извор: РИА Новости
Учениците на „училиштето за Дедо Мраз“ се запознаваат со историјата на настанокот на најомилениот лик од сказните во Русија – Дедо Мраз, а во исто време ги изучуваат и сите стари легенди во кои тој се споменува. Наставата во училиштето ја држат експерти за организација на новогодишни прослави: режисери, сценаристи, композитори, театарски шминкери, педагози и психолози.
![]() |
Новогодишната атмосфера во Русија Ви прикажуваме дел од новогодишната атмосфера во Москва и Санкт Петербург. |
„Да се работи со идни, засега непрофесионални, Дедо Мрази и Снежанки е особено задоволство. Тие се заинтересирани за обука. Поради тоа е можно во рок од три недели да се 'разоткрие' ученикот“, вели режисерот Сергеј Гопен.
Поголемиот дел од учениците во Училиштето за Дедо Мраз се жени. Галина Никулина, една од ученичките, работи како педагог-организатор во детска градинка и веќе 15 години ја дочекува Новата година со брада од вата. „На претпладневните приредби за деца од претшколска возраст, не е задолжително Дедо Мраз да биде машко. Дечињата понекогаш се плашат од него, а негувателот тие веќе го знаат“, објаснува Никулина.
По завршувањето на тринеделната обука сите ученици од училиштето мораат да полагаат испит пред главните гледачи, односно пред децата. Секој што ќе ја заврши школата добива црвена диплома со печат од Рускиот Дедо Мраз и свидетелство од Московскиот институт за отворено образование за поседување квалификација за организација на детски новогодишни празници.
Испитот во ова посебно училиште се смета за единствена проверка во руското образование која изгледа како вистинска прослава. Минува низ три етапи: најпрво волшебниците-почетници прават оригинална презентација на својот лик, потоа одговараат на прашања на децата, а на крајот танцуваат околу новогодишната елка. По успешната проверка, децата во дипломата на оној што го поминал курсот ги запишуваат карактеристиките: да кажеме, најволшебен, најголем, најсрдечен, најактивен, најдарежлив, највесел итн. „За Дедо Мраз или Снежанка да бидат професионални, потребно е да одговараат на определени критериуми. Но, да ги оценуваат новопечените волшебници право имаат само децата. Возрасните имаат сосема поинаков поглед за ликовите од сказните“, вели уметничкиот директот на училиштето Александар Фролов.
„Училиштето за Дедо Мраз“ постои од 2000 година. Негова главна цел е формирање празнично-игрива култура на современиот свет на детството во Русија. Секоја зима обуката ја поминуваат повеќе од 30 лица. Сите тие стануваат професионални организатори на новогодишни приредби. Освен специјализираните обуки за Дедо Мраз и за Снежанка, во училиштето можат да се „изучат“ ликовите од сказните, како што се Шумскиот Дух, Баба Рога и Снешко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче