Депардје го одигра Распутин

На руските големи екрани доаѓа филмот „Распутин“, кој зборува за една од најтаинствените историски личности од крајот на Руското Царство. Главната улога ја одигра актерот Жерар Депардје, кој неодамна стана руски државјанин.

Зошто ве заинтересира ликот на Распутин?

Во еден момент почувствував присност со тој лик. И двете мои баби беа пророчици и хипнотизерки. Сум видел многу такви ликови во својот живот ви различни држави, во различни пригоди, во различни дворци. А, истовремено овој лик е мошне руски, полн со идеали, монолитен. Живеел во една неспокојна епоха. Тогаш паднале речиси сите европски монархии, биле раскинати сојузите, се случувале обострани предавства на државите.

Кои руски јунаци уште ве привлекуваат?

Јунаците од делата на Достоевски, на Гогољ, на Чехов. Многу ме привлекува ликот на Профириј Петрович, таткото на Карамазов, кнезот Мишкин.

Кога Владимир Висоцки доаѓаше да настапува и да пее во Франција, публиката не одеше да гледа Русин. Гледачите уживаа во претставите и ги слушаа песните.

Жерар Депардје

Сметате ли дека еден дотеран Европеец може добро да одигра запуштен руски маж?

Не станува збор за тоа да се одигра Русин, туку за тоа да се стане историски лик. Исто како и во која било друга уметност или спорт. Зарем таму постојат националности? Врз отелотворувањето на ликот не влијаат податоците за тоа од каде доаѓа актерот. Кога Владимир Висоцки доаѓаше да настапува и да пее во Франција, публиката не одеше да гледа Русин. Гледачите уживаа во претставите и ги слушаа песните.

Многу патувате низ Русија. По Европа руската провинција веројатни ви е доста неразбирлива.

Сакам да се запознавам и да поминувам време со Русите, а истовремено многу го сакам и селото. Таму не постојат некакви претерани церемонии, сè е едноставно, природно. И јас сум роден во провинција. Освен тоа, во Русија доаѓам веќе 25 години. Но, во моментов почувствував дека морам да останам тука подолго. Ми беше укажана голема чест што добив руско државјанство. Се гордеам со тоа. Многу се пишуваше за тоа во медиумите, но јас не го барав тоа.

Се пишуваше и за тоа дека сакате да отворите ресторан во Москва. Со што имате намера да ја привлечете публиката?

Имам неколку ресторани во Париз. Никогаш не сум си го поставувал прашањето за тоа каков треба да боде ресторанот за да им се допадне на луѓето. Едноставно отворав ресторани со добра кујна и со луѓе што ми одговараат. Моите ресторани секогаш се полни. Ако се решам на тој чекор, во Русија ќе ја направам истата работа. Мене ми е важно луѓето да знаат што има во нивните чинии, од каде се донесени или како се произведени продуктите. Ме привлекува кујна со традиционални јадења.

Французите во декември 2011 година имаа можност да го видат Депардје во режисерската верзија на Жозе Дајан.

Филмот беше снимен за рекордно време – 26 дена. Првото прикажување на „Распутин“ во Париз беше организирано за потомците на руската емиграција. На Божиќ беше прикажан на телевизија. Беше планирано филмот да дојде во Русија во март 2012 година по претседателските избори, но работата пропадна.

Депардје тврди дека Владимир Путин имал можност да ја види француската верзија.

Имав неколку средби со тогашниот премиер Путин. Му го дадов сценариото и му реков: „Мора да го прочитате и да ми кажете што ви се допаѓа“. Многу ни помогна, изјави глумецот.

Ако постигнат успех со „Распутин“, Дајан и Депардје сакаат да ја продолжат „руската низа“. Сакаат да ја екранизираат „Капетановата ќерка“ од Пушкин, „Браќа Карамазови“ и други големи руски дела.

Режисер на руската верзија на „Распутин“ е Ираклиј Квирикаѕе, кој, според сопствените изјави, направил поинаков руски филм.

Депардје проникливо зборува за Бога и за гревот со гласот на Сергеј Гармаш. Родното село на Распутин во Сибир во целост одговара на „неизмиената Русија“, ликовите постојано се крстат и (или) се опиваат, а Депардје во огромна раскопчана куса бунда потсетува на мечка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња