Берзата е побогата благодарение на дијамантите

Моменталната пазарна капитализација на компанијата АЛРОСА е 8.1 милијарди американски долари. Извор: АЛРОСА

Моменталната пазарна капитализација на компанијата АЛРОСА е 8.1 милијарди американски долари. Извор: АЛРОСА

Рускиот гигант АЛРОСА, најголемата компанија за производство на дијаманти во светот, најави дека има намера преку иницијатива за јавна понуда да продаде околу 16% од своите акции. Иако за водечките пакети акции беше заинтересиран и „De Beers“, сегашните акционери на компанијата се против продажбата на големите пакети акции на стратешките акционери.

Најголемиот руски производител на дијаманти АЛРОСА треба да започне со првата емисија на своите акции во следните две недели. На инвеститорите ќе им бидат понудени 16% од акциите чија вкупна вредност би можела да надмине 1.3 милијарди долари. Овие средства со еден дел треба да ги покријат долговите на компанијата. АЛРОСА има намера своите акции да ги понуди на малите, а не на стратешките инвеститори, а тоа би можело неповолно да се одрази на вредноста на акциите по јавната понуда, предупредуваат стручњаците.

Рускиот дијамантски монополист официјално најави иницијална јавна понуда (анг. IPO). На инвеститорите ќе им бидат понудени 16% од акциите, соопштуваат од компанијата. Цената на своите хартии од вредност АЛРОСА треба да ја објави во следниве две недели. Хартиите ќе бидат пласирани на Московската берза и воедно ќе им бидат понудени и на инвеститорите во САД.

„Сегашните акционери на компанијата се против продажба на големи пакети акции на стратешките акционери. Многу инвеститори, меѓу кои и кинеските фондови и „De Beers“, беа заинтересирани за купување на поголеми пакети акции.

Сергеј Горјаинов, „Rough & Polished“

Федералната агенција за управување со државен имот („Росимушчество“) и компанијата во сопственост на јакутската влада „РИК Пољус“ ќе понудат по 7% од акциите, а уште 2% планира да продаде кипарската фирма „Wargan Holdings Limited“, подружница на компанијата АЛРОСА. Парите од продажбата на 2% од акциите АЛРОСА ќе ги потроши за да го покрие својот долг, прецизираше претставник на компанијата. Останатите средства таа има намера да ги вложи во инфраструктурни проекти во Јакутија. Нејзини координатори во рамките на иницијалната јавна понуда се „Goldman Sachs International“, „Morgan Stanley“ и „ВТБ Капитал“, а книгата на налози треба да ја води „Ренесанс Капитал“. По продажбата на 7% од акциите Русија ќе остане сопственик на 43.9%, а Република Саха (Јакутија) ќе остане со 25% од акциите. Со преостанатите 8% располагаат 8 реони („улуси“) на Јакутија со кои соработува компанијата. Вработените во компанијата АЛРОСА и други физички лица имаат 4.2%, а други правни лица 4.8% од уделот.

АЛРОСА е најголема компанија во светот по производство на дијаманти (34.4 милиони карати во 2012 година).

Стручњаците очекуваат дека пласманот ќе биде некаде на нивото на моменталната пазарна цена. Според котирачката цена на затворањето минатата недела, пазарната капитализација на компанијата АЛРОСА е 8.1 милијарди американски долари. Според тоа, руските федерални власти и владата на Јакутија би можеле да добијат 0.58 милијарди долари, а АЛРОСА ги добива останатите 0.16 милијарди долари, додека вкупниот обем на IPO би можел да изнесува 1.3 милијарди долари, оценува Олег Петропавловски од финансиската групација БКС. По пласманот на акции во слободен промет (анг. free float) компаниите ќе достигнат 1.9 милијарди долари – што е можеби највисокото ниво во рускиот сектор за металургија и рударство, а обемот на трговија ќе се зголеми, се надева стручњакот.

Кога ќе се земе предвид неодамнешната продажба на активите на природен гас за 42.6 милијарди рубли, чистиот долг на компанијата ќе биде намален а 92.2 милијарди рубли благодарение на целосната отплата на краткорочниот долг. Како резултат на тоа, според показателот net debt / EBITDA (нето долгот поделен со добивката пред каматата, данокот и амортизацијата) оптоварувањето на долгот ќе биде на ниво од 1.5 пати кое е сосема прифатливо за финансирање на новите со долг, истекнува аналитичарот на агенцијата „Инвесткафе“ Андреј Шенк.

Цената на една акција во рамките на јавната понуда би можела да биде 40 – 42 рубли (1.25 – 1.31 американски долари), предвидува Сергеј Горјаинов од агенцијата „Rough & Polished“.

„Сегашните акционери на компанијата се против продажба на големи пакети акции на стратешките акционери. Многу инвеститори, меѓу кои и кинеските фондови и „De Beers“, беа заинтересирани за купување на поголеми пакети акции, истакнува Горјаинов.

Претходно како еден од можните купувачи на хартии од вредност на компанијата АЛРОСА беше споменуван и холдингот „Интеррос“ на Владимир Потанин, но претставник од овој холдинг ја негираше ваквата можност во изјава за весникот „Газета.Ru“.

Според мислењето на аналитичарите, сосема е извесно дека за акциите на АЛРОСА ќе бидат заинтересирани и шпекулантите: светските резерви на дијаманти се намалуваат, па сè повеќе се преминува на многу поскапи подземи експлоатации на овој скапоцен камен. Но, ризици постојат и за време на понудата на акции на малите инвеститори.

Шпекулантите би можеле да се заинтересираат за акциите на компанијата и да се обидат сè да биде како во случајот на неуспешните „народни иницијални јавни понуди“ на Сбербанк, на ВТБ банка и на Роснефт, кога акциите им паднаа по пласманот, ја искажува својата загриженост Горјаинов.

На веста за почеток на јавна понуда вредноста на акциите на компанијата АЛРОСА на Московската берза на почетокот на денот се зголеми за 1.5%, а на затворањето достигна пораст од 6.2% )38.5 рубли за акција).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња