„Орлите“ летнаа

Добитниците на филмската награда „Златен Орел“ за 2012. Извор: Виктор Васенин / Росијскаја газета.

Добитниците на филмската награда „Златен Орел“ за 2012. Извор: Виктор Васенин / Росијскаја газета.

На 25 јануари во познатиот прв павилјон на „Мосфиљм“ се одржа единаесеттата свечена церемонија на доделувањето на наградата „Златен орел“.

Националната Академија на филмската уметност и наука на Русија, ги додели наградите „Златен Орел“ за 2012 година. Оваа година со престижната награда се здобија филмовите „Бел тигар“ на Карен Шахназаров и „Орда“ на Андреј Прошкин. 

Наградата за најдобар филм покрај „Бел тигар“ и „Орда“ беа номинирани и „Висоцки. Фала што си жив“ на режисерот Пјотр Буслов, филмот кој на филмската каса ѝ донесе значителни средства „ДухLess“ на Роман Пригунов, а кој е снимен според истоимениот успешен роман на Сергеј Минаев, како и „Шпион“ на Алексеј Андријанов, снимен според романот на Борис Акунин.

Во номинацијата за најдобра неигран филм се најдоа „Антон е тука близу“, „Зимо, оди си“, „Да живеат антиподите!“. Два од трите филма во оваа номинација веќе се здобија со признание од професионалните кинематографи: филмот на Љубов Аркус „Антон е тука близу“ ја доби специјалната награда од жирито на Венецискиот филмски фестивал, додека филозофскиот филм на Виктор Косаковски „Да живеат антиподите!“ го откри филмскиот фестивал во Венеција. 

Во номинацијата за најдобра женска улога за наградата „Златен орел“ најфаворизирана беше екстравагантната филмска дива на современата руска кинематографија Рената Литвинова, која ги испрати луѓето во еден поинаков свет во својот филм „Последната сказна на Рита“, потоа Роза Хајрулина за улогата во филмот „Орда“ и Ана Михалкова за „Љубов со акцент“. „Златниот орел“ сепак го доби Ана Михалкова. „Што можам да кажам како оправдување, - изјави Ана Михалкова. – Не се согласувам.“ Рената Литвинова не се појави на церемонијата... 

Во номинацијата најдобар актер се најдоа Фјодор Бондарчук за филмот „Шпион“, Данила Козловски за „Духless“ и Максим Суханов за „Орда“. Наградата во оваа категорија ја однесе Данила Козловски, по што од „Мосфиљм“ со воз директно замина на снимање. 

...Кога Владимир Хотиненко му го врачуваше „Златниот орел“ за најдобра режија на Андреј Прошкин, рече: „Сите ние сме корумпирани со дружбата“. 


Лауреати на наградата „Златен орел“ за 2012


Најдобар игран филм – „Бел тигар“ 

Најдобар телевизиски игран филм – „Бела гардија“ 

Најдобра телевизиска серија – „Жуков“ 

Најдобра режија – Андреј Прошкин, „Орда“ 

Најдобро сценарио – Јуриј Арабов, „Орда“ 

Најдобра женска главна улога – Ана Михалкова, „Љубов со акцент“ 

Најдобра машка главна улога – Данила Козловски, „Духless“ 

Најдобра женска споредна улога – Викторија Толстоганова, „Шпион“ 

Најдобра машка споредна улога – Андреј Смољаков, „Висоцки. Фала што си жив“. 

Најдобра камера – Јуриј Рајски, „Орда“ 

Најдобар директор на фотографија – „Орда“ 

Најдобра костимографија – „Орда“ 

Најдобра филмска музика – „Бел тигар“ 

Најдобра монтажа – „Бел тигар“ 

Најдобар дизајнер на звук – „Бел тигар“ 

Најдобар анимиран филм – „Бах“ 

Најдобар неигран филм – „Антон е тука близу“ 

Најдобар странски филм прикажан во Русија – „Артист“ 

Најдобра машка телевизиска улога – Сергеј Маковецки, „Случајот на супермаркетот бр.1“ 

Најдобра женска телевизиска улога – Ирина Розанова, „Фурцева“ 

За заслуги во светската кинематографија – Вадим Јусов 

 

Дополнително: 

Наградата „Златен орел“ е основана уште во 2002 година од повеќе општествени и државни организации, меѓу кои и од редакцијата на „Росијскаја газета“. Но, церемонијата на доделување на филмските награди, која беше закажана за 27 септември 2002 година беше откажана заради трагичните настани во Северна Осетија – тогаш Сергеј Бодров и неговата екипа загинаа при слекувањето на глечер во долината Кармадонск. Првата церемонија се одржа дури на 25 јануари 2003 година. Оттогаш манифестацијата се одржува во последниот петок од јануари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.