Пензиите на децата-инвалиди, еднократните исплати на семејствата кои посвоиле сирачиња, а исто така и компензационите исплати на семејствата со деца-инвалиди ќе бидат зголемени. Задачата за создавање на соодветни предлог-закони е објавена во понеделник на интернет-страницата на кабинетот на министри.
Овој проект треба да се реализира до 1 февруари оваа година.
Министерството за здравство, Министерството за наука и Министерството за труд и социјална заштита на Русија - имаат задача да обезбедат и подобрување на медицинската помош за сирачињата, како и да се грижат за квалитетот на истата. Исто така, на министерствата им е наложено да воведат и медицински преглед за граѓаните кои планираат да посвојат или да бидат старатели на сирачиња.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче