Четириесет милиони Руси заминале во странство на одмор во 2011 и потрошиле 30 милијарди долари, открива студијата на Euromonitor International.
Сепак, само 20 милиони странски туристи ја посетиле Русија и потрошиле 10 милијарди долари. Euromonitor предвидува дека за пет години разликата во трошењето ќе се зголеми од 20 милијарди на 37,4 милијарди долари, благодарејќи на сѐ поголемите трошења за време на одморите (зголемување од 227 на 469 долари).
Списанието Форбс соопштува дека и странците ќе потрошат повеќе пари во Русија во следниот период (зголемување од 69 на 107 долари).
Повеќето Руси патуваат во странство на одмор, и само 4% заминуваат на бизнис-туризам. Сепак, и покрај поголемиот број туристи во странство, повеќето Руси ги поминуваат своите одмори во земјата (96,5 милиони во 2011 со потрошени 21,1 милијарда долари).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче