Две третини од русите немаат заштеди

Околу 30% од русите штедат пари. Повеќето од нив - за купување недвижнини.

Две третини од русите (67%) немаат заштеди, околу 30% штедат (во повеќето случаи за купување стан), кажуваат резултатите од анкетата на Серускиот центар за изучување на општественото мислење.

„Заштеди денеска имаат 30% од граѓаните. Таа цифра речиси и не се измени во последниве две години. Заштеди имаат пред сѐ постарите (35%), високообразованите (36%), граѓаните на Москва и Петербург (47%). Немаат заштеди 67% од анектираните (најчесто селаните - 77%), се кажува во соопштението.

Целта на штедењето за повеќето руси е купување недвижност (29%). Многумина, исто така, чуваат пари „за секој случај“ (24%), за црни денови (24%), за лечење (23%). За образование штедат само 15%, за одмор - 13%, за купување автомобил - 12%, во случај на губење работа - 11%. За купување скапи нешта штедат 8%, за земја - 7%.

Според мислењето на русите, купувањето недвижност е најдобриот начин и место за вложување на парите. Такво мислење имаат 55% од испитаниците на Серускиот центар за изучување на општественото мислење. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња