Русија ќе ги намали трошоците во здравството

Државата ќе продолжи да ги намалува трошоците во здравството и оваа година. Како што било спомнато и во претходните закони кои стапија во функција оваа година, намалувањето на буџетот ќе биде надоместено од рускиот даночен обврзник.

Почнувајќи од 1 јануари, Русите ќе плаќаат за секоја услуга која не е дел од задолжителното здравствено осигурување, вклучувајќи и посети на специјалисти.

Државата планира да го намали трошењето во здравството за 8,7% оваа година, и за 17,8% до 2015 година. Причината за намалувањето на трошоците во здравството е редистрибуцијата на средствата од буџетот во други министерства - за одбрана и безбедност, кои ќе пораснат за 25% до 2,3 трилиони рубљи (76 милијарди долари) во 2013. Според новата легислатива која стапи во функција на 1 јануари 2013, стандардот за обезбедување на бесплатна медицинска нега ќе изнесува 22.120 рубљи (околу 33.000 денари) за Москва, и 9.032 рубљи (околу 14.500 денари) за остатокот од земјата.

 Русите, исто така, ќе треба да плаќаат и за сите лекарства кои не се сметаат за најважни за лекување. Сепак, ако одреден медикамент е потребен за да се спаси животот на пациентот, или ако пациентот има алергија - тогаш лекот се дава бесплатно.

Пациентите исто така ќе треба да плаќаат услугите за кои немаат осигурување. Имајќи го предвид ова, не треба да значи дека при немање средства, пациентот ќе биде оставен да умре. Во законот е нагласено „Ако се потребни дополнителни медицински услуги за да се спаси човечкиот живот, тогаш тие услуги ќе бидат обезбедени бесплатно“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња