Т-50 се подготвува за државниот испит

Државните испитувања на пет ловци од петтата генерација (ПАК ФА) ќе почнат во центарот за испитување на Воено-воздушните сили во Ахтубинск во март 2013 година.

Како што соопшти главниот командант на ВВС на Русија, генерал-поручник Виктор Бондарев, „авионите ПАК ФА успешно ја извршуваат програмата за испитувања. Три авиони веќе ја поминуваат проверката во Жуковскиј, четвртиот тест-авион е во фабриката, а петтиот се очекува да го добиеме наскоро. Во март овие пет авиони ќе дојдат во Ахтубинск, каде ќе започнат нивните државни испитувања. Сите понатамошни авиони ќе доаѓаат во испитувачкиот центар директно од фабриката.“

Кој крајот на 2013 овде ќе имаме осум Т-50. Испитувањата на овој ловец ќе завршат за 2 до 2,5 години. Во 2015 - почетокот на 2016 година ќе се премине на сериско производство, кога и ќе стапат првите примероци во активна служба во ВВС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња