Три европски научни сателита Swarm ќе бидат лансирани од космодромот Плесецк во април 2013 година, се кажува во соопштението кое е објавено на сајтот на Европската вселенска агенција.
Лансирањето ќе се изведе од Плесецк. Руската ракета-носител не се спомнува во соопштението. Порано беше планирано да се оствари лансирањето со ракетата „Рокот“.
Апаратите Swarm ќе обезбедат подобро истражување на магнетното поле на Земјата и следење на неговата активност. Сателитите ќе ги создаде EADS Astrium. Три апарата Swarm ќе летаат на различни орбити на височина од 450 до 530 километри.
Руската ракета-носител од лесна класа „Рокот“, со маса од 107,5 тони, е создадена врз основа на балистичките ракети РС-18 („Стилето“, според ознаките на НАТО) и е предназначена за лансирање вселенски апарати со маса до 2 тона на ниски околуземни орбити. „Рокот“ се состои од три степена: првите два степена претставуваат забрзувачи на РС-18, а третиот степен - забрзувач на блокот „Бриз-КМ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче