Руски научници ја проверуваат можноста за трансфер на живот од вселената на Земјата

Научници од ИНститутот за медицинско-биолошки проблеми при Руската академија на науки ќе изведат околу 80 биолошки експерименти во вселената со помош на научниот сателит „Бион-М“ број 1, кој ќе биде лансиран напролет годинава.

Научници од Институтот за медицинско-биолошки проблеми при Руската академија на науки ќе изведат околу 80 биолошки експерименти во вселената со помош на научниот сателит „Бион-М“ број 1, кој ќе биде лансиран напролет годинава.

Овој сателит во вселената ќе однесе различни видови живот, меѓу кои има риби, гуштери, плодови и семе од билки. Специфичноста на овој експеримент, за разлика од оние кои се правеле со претходните лансирања на „Бион“, се состои во тоа што научниот материјал нема да биде сместен само во сателитот, туку и на неговата надворешна страна, што ќе овозможи во извесна мера да се провери хипотезата за панспермија, т.е. преносот на живот од вселената на Земјата. Освен тоа, ќе бидат изведени неколку радиобиолошки експерименти. Тие имаат за цел проверка на отпорноста на различни ткива и органи на космичка радијација, која претставува една од главните препреки за човековото напредување понатаму во длабочините на вселената. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња