Граничари задржаа во шума музичари со компас, гитара и саксофон

Украински граничари задржаа двајца руси со гитара и саксофон кои се обиделе нелегално да одат во Европа.

Украински граничари задржаа двајца руси со гитара и саксофон кои се обиделе нелегално да одат во Европа преку словачко-украинската граница. Двајцата 21-годишни жители од Подмосковје се движеле со компас низ шумата на заснежените Карпати. Кога дошле до границата, гранична контрола поминала и ги задржала.

Уапсените млади луѓе објасниле дека сакале да одат во Шпанија, каде се надевале дека ќе најдат работа. Според зборовите на претставник од граничната служба, граѓаните на Русија „треба да одговараат за прекршокот согласно законите на Украина“. Судот ќе ја определи нивната виновност и соодветната казна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.