Сопругата на рускиот претседател, Људмила Путина, денес слави роденден. Родена е на 6 јануари 1958 година, односно пред 55 години во Калининград. Во 1986 година таа го завршила Ленинградскиот државен универзитет како дипломиран филолог-романист. Слободно владее со германскиот, шпанскиот и францускиот јазик.
Во јули 1983 таа се омажила за Владимир Путин.
Во 1986-1990 заедно со мажот се наоѓаат во Германската Демократска Република (ГДР).
Во 1990-1994 година предавала германски јазик на катедрата за усовршување на наставниците на Ленинградскиот државен универзитет.
Таа е еден од иницијаторите за создавање на Центарот за развиток на рускиот јазик.
Људмила Путина е лауерат за премијата Јаков Грим „За популаризација на германскиот јазик“ (2002). Со таа премија е одбележан нејзиниот влог во развитокот на културната размена меѓу ФРГ и Русија. Таа е исто така лауреат на премијата на Меѓународната асоцијација за помош во развитокот на духовноста „Руханијат“ (Киргистан). Во октомври 2005 добила звање - почетен професор во Евроазискиот универзитет „Гумилев“ (Астана, Казахстан).
Људмила Путина се интересира со театарот, музиката, сака романси, тенис и скијање.
Во семејството имаат две ќерки - Марија (1985) и Катерина (1986).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче