Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, вети дека ќе се исполни планот за подготовка на објектите за Олимпијадата во 2014 година.
„Секако, дури не може да се дискутира за тоа - планот за 2013 година мора да биде исполнет во целост“, изјави Медведев на состанокот на кој се разговараше за подготовките за тест-натпреварите во олимписките објекти во Сочи во 2013 година.
Тој подвлече дека од успешната изградба на објектите зависи и успехот на Олимпијадата, како и престижот на Русија.
Премиерот, исто така, спомна дека многу спортски објекти веќе се завршени и пуштени во употреба, во нив веќе се одвиваат меѓународни спортски натпревари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче