Најуспешен филм од финансиска гледна точка во Русија за 2012 година е анимираниот филм „Принцот Иван и Сивиот Волк“, пишува „Кинобизнес сегодня“.
Овој анимиран филм почна да се прикажува на 29 декември 2011 година и заработи 24 милиони американски долари, додека за неговото создавање се потрошени само 2,7 милиони долари.
Десетте најпрофитабилни руски филмови за 2012 година се следниве (во заградите се дадени приходите и трошоците во долари за создавање на филмот):
1. „Принцот Иван и Сивиот Волк“ (24,62 милиони, 2,7 милиони)
2. „За што зборуваат мажите“ (17,66 милиони, 3 милиони)
3. „Духless“ (13,36 милиони, 3 милиони)
4. „Мајки“ (7,79 милиони, 2 милиона)
5. „Дадилки“ (5,75 милиони, 1,7 милиони)
6. „8 први состаноци“ (7,46 милиони, 2,3 милиона)
7. „На Бајкалот“ (310 илјади, 100 илјади)
8. „Џунгли“ (11,85 милиони, 4,5 милиони)
9. „Славејот разбојник“ (5,25 милиони, 2 милиона)
10. „Тој најдобар Карлосон...“ (10,35 милиони, 4 милиони)
Во минатата година си ги вратиле вложените средства и заработиле само 15 од 68 филмови.
Најголем „губитник“ од финансиски план е филмот на Александар Сокуров - „Фауст“. Во финансирањето на овој проект зедоа учество и странски инвеститори. Буџетот за овој филм изнесувал 14,5 милиони долари, додека неговата заработка во Русија изнесувала само 780.000 долари. Во септември 2011, „Фауст“ беше номиниран за главната награда на Венецијанскиот кинофестивал. Во декември 2012 година овој филм беше прогласен за филм на годината од страна на критичарите и кино-експертите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче