Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (10)

„Радиоастрон“: Русија може да ги гледа црните дупки

10. „Радиоастрон“: Русија може да ги гледа црните дупки

 Руската вселенска програма во последните неколку години немаше со што посебно да се пофали. И со право - таа досега беше во криза. Но не треба да се заборава дека и покрај сите проблеми, руските ракети сѐ уште се најкористените во светот за лансирање сателити и за разни други намени . Русија е најголем извозник на космичка опрема. Русија - е една од двете држави која во овој момент може да испрати во вселената човек (втората е Кина). Најсложената инженерска градба во историјата на човештвото, Меѓународната вселенска станица, барем половина е руска. Секако, овде е и „Радиоастрон“.

Околу нашата планета лета антена со дијаметар од 10 метри, лансирана минатата година од космодромот Бајконур. Антената има голема елиптична орбита. Еднаш се приближува до Земјата на неколку стотина километри, а друг пат навлегува практично во орбитата на Месечината. Антената „лови“ радиобранови од космосот - од пулсари, црни дупки, други галаксии, меѓуѕвезден гас итн. Практична смисла нема во сето тоа, но има друга смисла - да се знае во каков космос живееме.

Заедно со антената работат и најголемите земни радителескопи, сите заедно во еден проект кој официјално се нарекува „Земно-космички интерферометар ’Радиоастрон’“.

„Радиоастрон“  е уникатен апарат. Тој има 30 пати поголема резолуција отколку интерферометрите на Земјата. Со таква резолуција, преку него може да се погледне што се случува дури на границата на црните дупки, или да се бараат дупки во пространството кои водат до други времиња и димензии.

Во овој проект има вложено неверојатно многу ум и енергија, а да не се зборува за времето кое е потрошено за да се создаде еден ваков апарат. Главниот создавач, академикот Николај Кардашев, пред 25 години почнал да работи над „Радиоастрон“. И покрај тешките времиња низ кои минувала неговата работа, а и самата држава и науката, тој успеал конечно да го заврши проектот што станал круна во неговото научно творештво.

„Пред сѐ, ние се надеваме дека конечно ќе добиеме директни докази за постоењето на црните дупки во центарот на галаксиите. Порано ја гледавме само струјата на материјата која е вшмукувана во црните дупки, но слабата резолуција не ни дозволуваше да гледаме каде оди таа материја. Се надевам дека со помош на „Радиоастрон“ ќе можеме да погледнеме како материјата паѓа во црната дупка и забрзува до највисоки енергии“, изјави Николај Кардашев. 

Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (9)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.