Чиновниците во Русија ќе можат да работат до 70 години

Чиновниците кои се наоѓаат на високи позиции во Русија ќе можат да работат до 70 години.

Чиновниците кои се наоѓаат на високи позиции во Русија ќе можат да работат до 70 години. Законот кој ја зголемува возраста до која „слугите на државата“ можат да се наоѓаат на својата позиција веќе е потпишан од претседателот Владимир Путин.

Порано, државната служба беше ограничена до 60 години. Само во исклучителни случаи на раководителите им се дозволувало да продолжат со работа до 65 години.

Сега сѐ е поинаку. Раководителите ќе можат да работат и до 70 години, но само во случај доколку тоа го дозволи претседателот на државата. Предлагачите на законот го коментираат истиот „како можност да се задржат што е можно подолго време на работа квалитетните кадри“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.