Првите резултати од истрагата, која се спроведе во Сочи после земјотресот на 26 декември, не покажа дека постојат оштетувања на зградите. Специјалистите од Министерството за вонредни состојби ја проверија состојбата на 764 енергетски објекти, 49 олимписки објекти, 8 објекти за зацврстување на бреговите, а исто така и 764 објекти за обезбедување на функционалноста на одморалиштето.
Во текот на една недела во регионот се случија два земјотреса. На 31 километар јужно од Сухуми, на длабочина од 10 километри под Црното море - на 23 декември беше регистриран земјотрес со магнитуда од 5,8. Вториот земјотрес со магнитуда од 5,6 се случи на 26 декември на 154 километри јужно од Сочи, исто така во Црното море. Спасувачите продолжуваат да водат мониторинг на сеизмичката ситуација на територијата на Краснодарскиот крај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче