Русија ќе го даде првиот Сухој Суперџет-100 на Индонезија

Проширување на рускиот авио-пазар.

Компанијата „Цивилно воздухопловство - Сухој“ (ЦВС) и индонезиската авиокомпанија „Скај Авијација“, потпишаа сертификат за прифаќање на првиот авион „Сухој Суперџет-100“.

Планирано е авионот да летне од Улјановск до индонезиската база во јануари, 2013. Тогаш е планирано практично да започне комерцијалното оперирање на  „Сухој Суперџет-100“.

Потврдено е дека авионот целосно ги исполнува сите летечки и технички карактеристики кои ги бара „Скај Авијација“. Претходно, индонезиските власти го одобрија сертификатот за „Сухој Суперџет-100“, што значи дека рускиот авион целосно е усогласен со барањата на индонезиската авијација и му се дозволува увоз во земјата без никакви рестрикции.

Сухои моделите со 100 седишта се нова генерација на „Сухој Суперџет-100“, развиени и произведени од „Цивилното воздухопловство - Сухој“, со помош на „Аленија Аермачи“. Првиот лет на авионот беше на 19 мај, 2008.


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња