Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (6)

Раст на населението

6. Раст на населението

790 луѓе - толку изнесува природниот раст на населението за 10 месеци од оваа година. Ако не се случат некакви катаклизми на крајот на оваа година, тогаш во плус ќе останеме според резултатите од целата година.

Би се рекло, 790 луѓе наталитет - е мизерна цифра, но има зошто да се гордеат Русите. Природниот раст во Русија немало уште од 1991 година. Според прогнозите на ООН, треба да има сѐ помалку руски граѓани. Имало години кога Русија губела и по милион луѓе годишно. Во минатата година смртноста беше поголема за 127.000 луѓе. Ако населението на Русија и растело, тоа растело за сметка на емигрантите, легални или нелегални.

Статистиката сведочи дека оваа гордост не е дело на некој конкретен регион. Херој е целата Русија. Наталитетот се намали само во три региони (во минатата година - во 43), а во голема мера се намали и смртноста. Се намали и бројот на самоубиства (3%) и труење од алкохол (19%).

Лидери по бројот на новородени се Московската, Свердловската, Тјуменската област и Краснодарскиот крај.

Во 1999 година, во Русија беа забележани најмал број раѓања - само 1,2 милиона. Од тогаш, па до сега, тој број постојано расте.

Во 1964 година Советскиот Сојуз се најде на првото место во светот по бројот на абортуси - 5,6 милиони. И дури во 1990 година, на 100 раѓања имаше 206 абортуси. А во 2011 година - само 55. Пресвртницата настапи во 2007 година, кога за прв пат бројот на раѓања го надмина бројот на абортуси.

Експертите се согласни - не е доволно само да се добие природен раст, туку истиот треба и да се зачува. И за таа цел се донесени многу државни мерки за поддршка на наталитетот. 

Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (5)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња