Загинаа четворица, а уште толку се ранети - тоа е билансот на денешната несреќа на Ту-204 во „Внуково“, Москва.
„Најдени се двете црни кутии, а во моментов истите се прегледуваат од истражителите, после што истите ќе бидат дадени на преглед од страна на специјалистите“, изјави официјалното лице во истрагата, Владимир Маркин.
Во авионот имало вкупно осуммина, сите членови на екипажот. Официјалниот претставник на Комитетот за истрага, Владимир Маркин, засега кажа дека причина за несреќата најверојатно е грешка на пилотот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче