5. Параолимпијци
За да се погледне пренос од Параолимпјадата во Лондон, човек треба многу внимателно да ја прегледа телевизиската програма. За разлика од Олимписките игри, кои постојано се пренесувани на централните телевизиски канали речиси нон-стоп, Параолимпијадата може да се погледне само во времетраење од неколку минути на спортските вести. Политиката на телевизиските канали е јасна: рејтинг таквите преноси не прават.
Парадоксално е, но во државата, каде луѓето со ограничени можности не можат самостојно да излезат од дома, се собра еден од најсилните параолимписки тимови во светот.
На Олимписките игри во Лондон нашите спортисти го зазедоа второто место, препуштајќи ја напред само репрезентацијата на Кина.
Спортистката во количка, добитник на медал на Параолимпијадата, Људмила Василева, вака го коментира овој успех:
„Инвалидите имаат повеќе стимули. Ако здравите спортисти имаат и други начини освен Олимпијадата да заработат повеќе пари, тогаш за параолимпијците - Игрите се единствена шанса да се здобијат со успех и да ја поправат својата материјална состојба.
На
Параолимпјадата 2012 беа продадени повеќе од 1.500.000 билети - значително
повеќе, отколку во минатите години. Интересот за параолимпиското движење расте.
Познатиот параолимпиец Оскар Писториус во 2012 година се најде во 100-те
највлијателни луѓе на планетата според списанието Time.
Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (4)
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче