Рускиот автопазар е премногу млад за криза

Годината која заминува стана една од најзначајните за рускиот автопазар во целата негова историја. Има две причини за тоа. Првата – во 2012 е соборен рекордот на продажба кој е поставен во 2008 година. Втората – 2012 година стана година на нов импулс во развојот на рускиот автопазар, една од клучните во целата негова историја.

Годината која заминува стана една од најзначајните за рускиот автопазар во целата негова историја. Има две причини за тоа. Првата – во 2012 е соборен рекордот на продажба кој е поставен во 2008 година. Втората – 2012 година стана година на нов импулс во развојот на рускиот автопазар, една од клучните во целата негова историја.

Според нашите прогнози, обемот на продажба на нови автомобили во 2012 година изнесува близу 3 милиони парчиња, што е за 6% повеќе од 2011 година. Темпото на раст на пазарот на автомобили во 2012 не е толку висок како во 2010 или 2011 година. Основната причина за намалувањето на темпото на раст се состои во тоа, што ефектот на „ниска база“ се исцрпи: потрошувачите го задоволија својот апетит после кризата, и сека пазарот се развива полека, но сигурно. Како дополнителна причина за намалување на темпото на раст може да се земе и зголемувањето на каматата за автомобилски кредити.

Сега многу се зборува и за неблагопријатната економска ситуација во Европа, и за тоа дека европските трендови наскоро ќе дојдат и на рускиот автопазар. Но не треба да се драматизира, бидејќи европскиот автопазар коренито се разликува од рускиот – пред сѐ, со тоа што тој е зрел. Плус, европскиот пазар е помлад. Во Европа, просечната старост на автомобилите е околу 4 години, додека во САД – 9 години. На жителите во Европа, на тој начин, им е поекономично да почекаат со купувањето на нов автомобил – подобро ќе е уште некоја година да се повози со своето четиригодишно возило.

Второ – нивото на автомобилизација на населението во Европа е неспоредливо поголемо, отколку што е во Русија. Така, на пример, во Германија на 1000 жители има 550 автомобили. Повеќето луѓе веќе имаат автомобили, за разлика од Русија.

Ситуацијата на рускиот пазар е сосема поинаква. Рускиот пазар е млад и сѐ уште се развива. Маса на луѓе во Русија воопшто и немаат автомобил – за тоа зборува фактот дека на 1.000 жители има 300 автомобили. Ете овде е потенцијалот за раст на продажбата. Освен тоа, од автомобилите кои ги поседуваат граѓаните во Русија, 50% се постари од 10 години, тие се истрошени, и многу од нив ќе треба да се заменат наскоро.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња