Руската Федерација и Индија ги потврдија плановите за соработка и истражување на Месечината

Русија и Индија имаат желба да ја продолжат соработката и истражувањето на вселената, со посебен акцент на истражувањата на Месечината.

Русија и Индија имаат желба да ја продолжат соработката и истражувањето на вселената, со посебен акцент на истражувањата на Месечината. Освен ова, се планира и изградба на станица за корекција на сигналот од навигацискиот систем ГЛОНАСС.

Зборувајќи за плановите, претставник на Роскосмос изјави дека се планира и лансирање на мини-робот на Месечината од индиска страна, кој ќе се наоѓа на руска сонда која ќе спушти на Месечината. Засега можеме да се каже дека тоа ќе се случи некаде околу 2017 година.

Во 2016 година е планирано да се лансира орбиталната сонда „Луна-Глоб2“, а во 2017 година – апаратот „Луна-Ресурс“ (потешка верзија од „Луна-Глоба“, со проширени можности за изведување на научни истражувања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња