3. Јандекс: да се научи светот да бара на руски
Буквата „Я“ ја нема во латинската азбука. Но светот полека се запознава со неа. А современиот успех се состои во тоа, што зборот „Яндекс“ полека го освојува светот. Името на најголемиот руски пребарувач го измисли еден од неговите основачи - Илја Сегалович. Yet Another Index - се спои во еден збор и се доби Јандекс („Яндекс“). Понатаму овој пребарувач доби неколку различни народни етимологии. Едни сметаат дека Јандекс е само „јазичен индекс“, додека други - дека создавачите на компанијата едноставно играле еротска игра на зборови.
Но потеклото на зборот не е важно. Поважно е тоа, што рускиот пребарувач стана светски! Детонаторот на овој процес, безусловно, стана триумфот на IPO на берзата NASDAQ. После ова десетици соработници на компанијата станаа милионери. Како никогаш порано во Русија, силата на интелектот и верата во сопственото дело не добиле толкав материјален израз.
Од компанијата Јандекс
пристигнуваат новини. Прво - компанијата веќе пушти свој прелистувач, што,
впрочем, е обид да се заштити од својот главен конкурент, Google, кој со помошта на својот сопствен прелистувач почна
активно да влече кон себе корисници. И не само тоа - годинава Јандекс се најде
и на турскиот пазар со Yandex.com.tr, што претставува прв
обид за експанзија вон територијата на Русија.
Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (2)
Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (1)
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче