Шампионот во уметничко лизгање, Плушенко за својот прв официјален старт во сезоната

Плушченко се фокусира првенствено на претстојната Олимпијада.

Евгениј Плушенко победи убедливо во вторникот во кратката програма на шампионатот во Русија по уметничко лизгање во Сочи.

„Сè помина добро и јас, во принцип, сум задоволен од тоа што го направив. Иако во кратката програма има уште на што може да поработам, сепак, утре треба да се лизга и слободната програма. Но најмногу од сè сум задоволен со својот четворен скок, посебно ако се има предвид дека пред еден месец во Германија ми направија операција со термо-обработка на `рбетот, после што, нормално, имав големи болки. Сè уште чувствувам болки во бедрото, веројатно повредата влијаела врз некој нерв од кој чувствувам болка во десното бедро...“,  изјави Евгениј Плушенко.

Што се однесува до моите понатамошни планови, тоа не можам да го кажам однапред, вели шампионот. „Најпрвин треба да се настапи на шампионатот во Русија. Потоа, ако бидам во добра форма заминувам на шампионат во Европа, во Загреб. А потоа – ако пак сум во добра форма и ништо не ми пречи, заминувам во Канада на светскиот шампионат“, рече Евгениј Плушенко, додавајќи дека сепак, за него најглавна е следната олимписка сезона.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња