Полицијата уапси 4 лица кои протестираа против „законот Дима Јаковлев“

Законот предизвика контроверзи и протести и во Русија.

Полицијата уапси четири лица во близина на Советот на Федерацијата во центарот на Москва кои протестираа против законот „законот Дима Јаковлев“, кој забранува посвојување на руски деца од странци во државите кои го прифатиле „законот Магнитски“. Претходно, Советот едногласно го одобри овој закон.

Демонстрантите, со транспаренти на кои беа испишани критики за законот, стоеја пред влезот на зградата на Советот на Федерацијата.

Полицијата ги засили безбедносните мерки околу зградата на Советот на Федерацијата. Реонот околу зградата беше обезбедуван од кордон и само луѓе со службена исправа може да го поминат кордонот.

Пет полициски автобуси и неколку полициски автомобили, исто така се паркирани во близина на влезот на зградата на Советот на Федерацијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.