Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (1)

Волонтери

Во следниве неколку дена, на нашата интернет-страница ќе бидат објавувани десетте поводи, за кои сметаме дека Русите треба да се горди во годинава што изминува.

Лесно е да се кажуваат лоши зборови во адреса на Русија. Климата е лоша, чиновниците се корумпирани, во автобусите се непристојни. Но има и многу поводи за гордост. Тоа не се само Бородинската битка, Михаил Ломоносов, таблицата на Менделеев, Достоевски... Дури не мора да се оди многу во минатото. Во 2012 година се случија доста нешта кои предизвикуваат чувство на гордост кај луѓето кои живеат во Русија.

 

1. Волонтери

За почеток на растот на волонтерското движење се смета сезоната на планинските пожари во 2010 година, кога многу луѓе се пријавија доброволно и бесплатно да им помагаат на настраданите.

Но и пред тоа многумина учествуваа во најразлични граѓански акции - од помош по детските домови, до независното новинарство. А во последниве две години бројот на волонтери достигна критична маса.

Еколошки движења, чии акции се насочени против градењето на автопат преку Химкинската шума. Волонтери-набљудувачи на изборите, благодарејќи на кои се открија нарушувањата за време на изборите. Потоа се случи и поплавата во Кримск. Илјадници, ако не и десетици илјади луѓе собираа помош и заминаа да ги отстранат последиците од катастрофата.

Ако се оцени сумарно работата која во Русија волонтерите ја извршуваат бесплатно, тогаш таа ќе може да се спореди со големината на некоја голема корпорација.

Каков и да се појави проблем - застој во сообраќајот, лош квалитет на образованието или ѓубре во паркот - сѐ повеќе и повеќе луѓе ќе се најдат за да дојдат на помош. Бесплатно. Едноставно од почит кон себе и кон другите. 

Десет поводи за гордост на Русите во 2012 (2)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.