90 години од создавањето на СССР

Во недела, 30 декември 2012 година навршуваат 90 години од создавањето на СССР (Сојузот на Советските Социјалистички Републики), држава која до ден денешен е татковина на повеќе од 4/5 на жителите на Русија.

Во недела, на 30 декември 2012 година, навршуваат 90 години од создавањето на СССР (Сојузот на Советските Социјалистички Републики), држава која до ден денешен е татковина на повеќе од 4/5 на жителите на Русија (останатите се родени во суверена Русија). СССР исчезна и не доживеа ни 70 години. Сепак, страстите околу причините и последиците на исчезнувањето на супер-државата не се исчезнати.

Имено, на 25 декември, 1991 година, за време на распадот на СССР, ништо посебно не се случувало. Како што си спомнува еден западен дипломат, кој за време на повлекувањето на Михаил Горбачов дошол на Црвениот плоштад - го изненадило отсуството на луѓе! На Црвениот плоштад се наоѓале само јапонски репортери кои мрзнеле на ветрот, надевајќи се дека ќе фатат нешто од историјата.

Немало никакви народни маси - ниту оние кои го слават падот на империјата, ниту оние против распадот на нивната држава. Општеството се изморило од долгата агонија на советската држава, чие финале се одигра во последните пет месеци од постоењето.

Сепак, веднаш после распадот на СССР, дебатите околу истиот се зајакнале. Луѓето сфатија дека веќе не може да се врати назад тоа што е направено. Не можеле да веруваат дека Украина е самостојна, или, пак, Киргистан. Руското општество дури и денеска не уверено - дали е полноцена оваа државност, или е само отсјај од “вистинската“ држава.

Носталгијата по загубата во сите нејзини форми се забележува во речиси сите разговори за минатото и иднината. Денес луѓето гледаат напред, иако, често се завртуваат и назад, обидувајќи се да најдат точка за споредба. Но, често не успеваат. Сѐ што е советско е исцрпено - на политички, економски, идеолошки, морален план. Нема повеќе што да се користи од тоа доба, треба да се создаде нешто ново.

Русите навикнаа да набројуваат што сѐ Русија загуби со распадот на СССР. А што таа доби? Добивката - е обратната страна на загубата. Русија се лиши од статусот на супер-држава, кој го немаше до средината на ХХ век, но нема да го има и уште некое време.

Русија изгуби голем дел од територијата која ја сметаше и продолжува да ја смета за исконски своја. Таа траума уште долго ќе се преживува и ќе се преболува.

„Арапската пролет“ е само недамнешен пример во кој Русија ќе можеше активно да се вмеша, доколку го имаше статусот и обврските на СССР. Наместо СССР, сега со тоа се занимава САД. САД пред 21 година го победи „злото“, не забележувајќи од опиеноста од победата дека сега го зазеде неговото место.

 Извадок од говорот на Фјодор Лукјанов, претседател на президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња