„Роснефт“ најде начин да излезе и на италијанскиот пазар на деривати. Тоа го изврши со создавање на заедничко претпријатие со локалната компанија Saras. „Роснефт“ нема само да испорачува нафта на Сардинија, туку ќе учествува и во создавањето на нафтените продукти.
„Роснефт“ и италијанската компанија за преработување на нафта Saras S.P.A. склучија договор, кој предвидува можност за создавање на претпријатие на паритетна основа кое ќе се занима со процесирањето на нафтата и произведување на нафтени продукти.
Единствената рафинерија на Saras се наоѓа на Сардинија. Нејзината производна моќност изнесува 300.000 барели нафта на ден (15 милиони тони нафта годишно), што изнесува околу 15% од сите капацитети за преработување на нафтата во Италија. Во минатата година се појави неофицијална информација дека фабриката може да ја купи „Гаспром-нафта“. Компанијата таа информација ја негираше.
Откако италијанската компанија престана да купува сировина од Либија поради воениот конфликт, таа почна да бара други доставувачи. Преговорите се водеа со „Гаспром-нафта“, но и со други странски доставувачи, меѓу кои и Азербејџан. Договорот со „Роснефт“ е прв чекор во решавањето на дефицитот на нафта во капацитетите на Saras.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче