Разузнавач, уапсен во САД, почна да работи во „Гаспром“

Разузнавачот, заедно со Ана Чепман, беше уапсен во САД.

Уште еден од десетте руски разузнавачи, кои во 2010 година беа откриени во САД, започна со работа во големата руска државна компанија.

Михаил Куцик, кој живеел во САД под името Мајкл Зотоли, е назначен за заменик-началник на Управата за планирање на надворешно-економска активност на Одделот за надворешно-економска дејност на "Гаспром".

Сопругата на ново назначениот заменик началник, која исто така е поранешен разузнавач - Наталија Перверзева - Куцик, живеела во САД под името Патриша Милс и беше уапсена заедно со останатите "руски шпиони" во почетокот на 2011 година. Таа исто така започна да работи како советник за меѓународни прашања на претседателот на компанијата "Трансњефт".

Ако информацијата за новата работа на Куцик се потврди, тој ќе стане четвртиот по ред од десетиците "шпиони несреќници" кои зафатија престижни позиции во големи руски компании.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.