Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник ќе патува во Индија за да ја „бетонира“ руската позиција на индискиот пазар и за да ги продлабочи политичките односи.
На претстојните средби на Путин со индискиот Манмохан Синх и други официјални индиски претставници, ќе се потпишат бројни договори од областа на економијата, науката и образованието и правната регулатива.
Обемот на руско-индиската трговија е пораснат за шест пати од 2000 година до сега, а во наредната година се очекува да достигне сума од 10 милијарди долари. Индија останува муштерија бр.1 на руската воена индустрија, иако во последно време Москва изгуби неколку долари на индискиот пазар во борбата со западните производители на оружје.
Русија и Индија имаат блиски релации уште од времето на Студената војна, кога Москва беше клучен сојузник и редовен снабдувач со оружје на Делхи.
Во 2000-тата година таа соработка беше продлабочена со попишување на Согласност за стратегиско партнерство и договор за средби на највисоко ниво, најмалку еднаш годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче