Речиси половина од руските работодавачи ќе ги зголемат платите на своите работници во 2013 година. Притоа, повеќето од нив се изјасниле дека нема да ги зголемат платите повеќе од 10%.
Зголемување на платите планираат 47% од работодавачите, 37% нема да ги зголемат, а 16% не дале одговор.
63% од работодавачите планираат да ги зголемат платите до 10%, додека дупло зголемување на платите планираат да направат само 6% од работодавачите. Интересно е тоа, што 9% од работодавачите изјавиле дека можат да ги зголемат платите за повеќе од 50%.
За 20 до 30% ќе ги зголемат платите само 22% од работодавачите во 2013 година.
Анкетата е извршена од компанијата HeadHunter по нарачка на РИА Новости, и истата е извршена во 348 компании.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче