Остри прашања за Путин

Прва прес-конференција откако Путин се врати во Кремљ. Фотографија: AFP/East News.

Прва прес-конференција откако Путин се врати во Кремљ. Фотографија: AFP/East News.

4 часа и 33 минути траеше прес-конференцијата на која рускиот претседател Владимир Путин одговори на точно 81 прашање. Освен домашните, на прес-конференцијата учествуваа и новинари од Грузија, Украина, Кина, САД и Полска.

Средбата на претседателот на РФ Владимир Путин со новинарите помина во жива и конструктивна атмосфера, при што првиот човек на Русија не ги избегнуваше острите прашања, кои во споредба со претходните прес-конференции ги имаше повеќе, и многу поподробно зборуваше за оние проблеми што ја брануваат јавноста, сметаат политиколозите со кои разговараше РИА Новости. 

Прес-конференцијата која овој пат не се одржуваше во Кремљ, туку во Центарот за меѓународна трговија на Краснопреснескиот кеј, траеше 4 часа и 33 минути. За време на прес-конференцијата на Путин му беше поставено 81 прашање, а некои новинара поставуваа одеднаш по две-три прашања. 

Прашања беа поставувани како од претставниците на федералните и на регионалните медиуми, така и од нивните колеги од странство – од Грузија, Украина, Кина, САД и од Полска. Во основа прашањата се однесуваа на политиката и економијата, а исто така и на социјалната сфера. Најголем интерес предизвика нацрт-законот за забрана на посвојување руски деца од страна на американските државјани. Прашање на оваа теме во една или во друга интерпретација поставија седуммина новинари. Имаше и нестандардни прашања, на пример за тоа кога ќе дојде крајот на светот и дали францускиот актер Жерар Депардје ќе добие руско државјанство. 

Логичен настан 

Според мислењето на заменик-директорот на Центарот за политичка конјунктура на Русија Алексеј Зудин, прес-конференцијата стана логична завршна етапа на разговорот на Путин со земјата, во рамките на како што рече „колку што е можно појасно да опише како се реализираат предизборните ветувања“.


На незгодните прашања претседателот одговараше прилично спокојно и добронамерно, се врати оној однос на спокојство кон опонентот, што е потребно за лидер од таков ранг

Михаил Ремизов

Институтот за национална стратегија

„Можеме да видиме дека неговите програмски ветувања, укази се реализираат. Гледаме дека тој се врати на претседателската позиција не заради власта како таква, ами заради реални работи... Имаше разговор со повереници на претседателот, обраќање пред Федералното собрание, за да се финишира со прес-конференција“, изјави Зудин. 

Политологот Олег Матвејчев од своја страна изјави дека не гледа голема разлика меѓу оваа и претходните прес-конференции, но забележа дека разговорот со новинарите мина во мошне жива и интересна атмосфера. Според него, било очигледно дека Путин зборува искрено и дека ја владее материјата за која зборува. „Постоеше определена живост“, изјави за РИА Новости Матвејчев. 

Експертот претпоставува дека претседателот рашифрирал многу мисли кои биле претставени во обраќањето пред Федералното собрание и ги разјаснил оние работи што на некои не им биле јасни. 

„Тој се обиде да им даде претстава на новинарите за работата на претседателот, зашто стануваа луѓе кои велеа дека еве, јавноста бара едно и друго... Претседателот на тоа велеше дека постои друг дел од општеството, други луѓе наспроти и оти тие имаат други интереси, односно објасни дека претседателот секогаш мора да ги мери решенијата“, забележа Матвејчев. 

Зудин исто така појасни дека прес-конференцијата имала големо значење зашто таа е првата комуникација од олку голем размер откако Путин дојде на претседателската функција. 

„Ова е прва прес-конференција, откако тој повторно стана претседател, затоа таа, безусловно, е голем политички настан. Луѓето што поставуваа прашања беа поттикнати од нивната грижа за судбината на земјата, од грижата за проблемите од социјално значење, односно беше разгледувано она што е најважно. Затоа прес-конференцијата беше конструктивна“, изјави експертот.

Генералниот директор на Центарот за политички информации Алексеј Мухин смета дека Путин, одговарајќи на прашањата на новинарите, разјаснил многу теми, кои се сметале за „неизразговарани меѓу власта и општеството“ и покажал дека е подготвен за дијалог. Експертот подвлече дека претседателот намерно се откажал од традиционалниот начин на разговор со населението, зашто тој начин беше критикуван во смисла на тоа дека ги подготвени луѓе поставувале однапред подготвени прашања. 


За да покаже добра политичка форма тој избра поагресивна средина, каква што се новинарите. И таа пресметка беше оправдана – според мене, Владимир Путин мошне искрено одговараше на прашањата... И не избегна да им даде збор на оние новинари што имаат репутација, така да кажеме, на негови критичари

Алексеј Мухин

Центарот за политички информации

„За да покаже добра политичка форма тој избра поагресивна средина, каква што се новинарите. И таа пресметка беше оправдана – според мене, Владимир Путин мошне искрено одговараше на прашањата... И не избегна да им даде збор на оние новинари што имаат репутација, така да кажеме, на негови критичари“, рече Мухин. 

Според мислењето на политологот, прашањата биле „далеку поостри“, а притоа претседателот често „се вмешуваше во текот на организацијата на конференцијата, за да им даде можност за прашања на оние луѓе, кои навистина сакаа да го направат тоа“. 

Впечатливи изјави и дискусии со новинарите на прес-конференцијата на Путин 

„Во суштина, Владимир Путин одговараше за себе и за Дмитриј Медведев, зашто никој не го сфаќаше претседателствувањето на Дмитриј Медведев како вистинско претседателствување. Владимир Путин мораше да одговара дури и за гревовите што не се негови. Тој ја презеде на себе таа одговорност и, ми се чини, дека успешно се справи со неа“, смета експертот. 

Зудин исто така забележа дека количеството „остри и незгодни прашања“ од новинарите се зголемило, ако направиме споредба со претходните прес-конференции на Путин. 

„Не можам да бидам стопроцентно уверен, тоа стилистички момент. Ми се чини дека новинарите се поактивни. Го имам предвид поагресивниот стил на комуникација, отколку што е вообичаено. Најверојатно тоа има врска со изменетата атмосфера во земјата. Знаеме дека и граѓанската и политичката активност стана поголема“, смета политологот. 

Според мислењето на претседателот на Институтот за национална стратегија Михаил Ремизов, прес-конференцијата на претседателот, како по начинот, така и по содржината беа доволно конзервативни во смисла на континуитет во однос на претходниот курс. „Ако зборуваме за начинот, тој е мошне сличен на прес-конференциите што се организираа во минатото. Како плус може да се забележи дека не беа избегнувани острите прашања“, рече тој за РИА Новости. 

Ремизов подвлече дека имало неколку прашања за кои се чекаше коментар од страна на претседателот, почнувајќи од прашањето за неговото здравје, завршувајќи со средбата со Јанукович и „прашањето за посвојувањето што крена прав“. 

„На незгодните прашања претседателот одговараше прилично спокојно и добронамерно, се врати оној однос на спокојство кон опонентот, што е потребно за лидер од таков ранг“, претполага експертот. Притоа тој додаде дека претседателот заобиколувал одговори на некои остри прашања. 

„На прашањето за посвојувањето тој се искажа правилно, поврзувајќи го проблемот со позицијата на американскиот судски систем... Сметам дека Путин мошне успешно се справи со најранливиот момент во иницијативата на думата, а имено дека таа е поврзана со законот на Магнитски“, појасни Ремизов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња