Неколку министерства во Русија подготвија план за евакуација на руските граѓани од Сирија. Според документот кој дојде до „Известија“, за неколку дена треба да се евакуираат од опасниот реон околу 30.000 граѓани на Русија. Во случај на итна евакуација, во операцијата учество ќе земат авионите на Министерството за граѓанска одбрана, вонредни ситуации и ликвидација на последиците од стихии, „Аерофлот“, патнички бродови, четири големи бродови за десанти од Балтичката и Црноморската флота.
Како што кажаа извори од Министерството за граѓанска одбрана, вонредни ситуации и ликвидација на последиците од стихии, сите граѓани на Русија кои се наоѓаат во Сирија - може да се поделат на три условни групи.
- Тоа се работниците во руските установи, луѓе кои работат во Сирија во приватни фирми, а исто така граѓани кои се наоѓаат туристички во Сирија, или се во брак, - појаснува за „Известија“ соработникот во Министерството. Тој исто така соопшти дека во случај на евакуација, во Сирија има околу 30.000 луѓе на кои ќе им биде потребна евакуација. Од нив само 9.000 се регистрирани во конзуларниот регистар, додека другите официјално не се регистрирани. Ако се земат предвид и граѓаните на Заедницата на независни држави, тогаш за бројот на граѓани за евакуирање ќе достигне 60.000 луѓе.
Впрочем, засега официјално барање за евакуација поднеле само 402 граѓани на Русија во Дамаск, додека во Алепо има пријавено 615.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче