„Ако не Путин, тогаш кој?“ Ова е често повторуваното реторичко прашање од поддржувачите на Путин и неговата партија.
На новинарско прашање на денешната прес-конференција за тоа во кој гледа свој наследник, Путин одговори: „Власта и државата не ги доверувам јас. Тоа го прават граѓаните на избори.“
Сепак, како што истакна тој, не е сеедно кој ќе владее со Русија, при што ги истакна досегашните достигнувања на неговото владеење: континуирано зголемување на БДП, стабилна економија, добра макроекономска политика, зголемени плати и пензии и др., што укажува дека Путин би сакал тој политички курс да продолжи.
„Би сакал моите наследници да бидат уште поуспешни. Затоа што јас ја сакам Русија“, заклучи Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче