И Путин работи 24/7

Путин и покраj долгите години на политичкиот врв, ентузијазмот не го напушта.

На прес-конференцијата која е во тек, претседателот на Русија, Владимир Путин стрпливо одговара на новинарски прашања од бројни домашни и светски медиуми. На прашање на новинар од „Космољска правда“ дали сѐ уште работи како „роб на брод“, Путин рече: „Па, да. Вчера на пример, почнавме со работа во 10 часот наутро, а завршивме во 22 часот.“

На критиките на новинар од „Известија“ дека изградил жесток режим на лична власт, Путин одговара: „Не можам да го наречам системот авторитарен. Јас се обидувам да обезбедам стабилност и важење на законите. Ако некој мисли дека демократијата и почитувањето на законите се различни нешта, тој греши. Зошто некои сметаат дека демократијата значи анархија?“ - праша Путин, додавајќи дека анархијата во 90-тите години ги уништиле демократските и пазарните вредности. 

„Но тој однос мора да се менува“, додаде Путин.

Руска реч на македонски продолжува да ја следи прес-конференцијата на Путин и редовно да ве известува.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња