Претстојната голема прес-конференција на претседателот Владимир Путин и подготовките за неа уште еднаш ги отфрлија шпекулациите за влошеното здравје на претседателот, рече неговиот портпарол Дмитриј Песков.
Во интервју за каналот Русија 24, тој се согласи дека човек со здравствени проблеми тешко би се справил со така напорна прес-конференција, каква што ќе биде претстојната.
„Тоа е потврда за она што цело време го говориме, но не ни веруваа“, нагласи тој.
Путин утре ќе одржи голема прес-конференција во живо. Како по правило, такви настани траат и по неколку часа. Последната таква конференција во 2008 година траеше 4 часа и 40 минути. Исто толку напорната утрешна прес-конференција, меѓу другото треба уште еднаш да прати порака дека здравјето на претседателот не е нарушено.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче