Архитектонската идеја за црквата била да се оживее атмосферата на викторијанска провинција. Изградена е во псевдоготски стил, со бифори и витражи. Извор: ИТАР-ТАСС.
Црквата свети Андреј Првознани е прва англиканска црква во Русија и единствена во Москва.
Англичаните во 1814 година ја купиле парцелата и зградата од некој си заставник Наумов на местото на кое денес се наоѓа. Зградата е претворена во мала капела каде биле вршени богослужби. Во текот на 70-тите години на 19 век стана очигледно дека на сè поголемата англиска заедница ѝ е потребна поголема црква, па во 1882 година започнала нејзината изградба.
Црквата во псевдоготски стил, со бифори (ниски прозорци со лак на врвот и панели раздвоени со столб) и витражи, ја проектирал англискиот архитект Ричард Нил Фримен. Зградата требало да претставува парадигма на викторијанската провинција. Се верува дека архитектот дури и не дошол во Москва за да ја води градбата на храмот, туку само го подготвил финалниот проект и нацртите. Во секој случај, типичната англиска базилика со четири мали кули, во Москва изгледала прилично егзотично. Тоа е главната причина зашто ова е единствена градба на споменатиот архитект по која тој е запаметен.
Црквата е осветена во 1885 и му е посветена на апостолот Андреј, заштитникот на Шкотска, зашто во 19 век мнозинството од британската заедница во Москва го сочинувале Шкоти. За тоа сведочат и две скулптури на ангел од теракота што ги дочекуваат посетителите на самиот влез, а во рацете држат цвет од чичка, чест симбол во шкотската хералдика.
Внатрешноста на црквата има толку прекрасна акустика што познатата советска дискографска куќа „Мелодија“ прави снимања во неа. Фотографиите се објавени благодарение на Министерството за култура на РФ, культура.рф.
Англиканската црква во Москва, покрај својата основна улога – богослужбата – истовремено била и средиште на општествениот живот на заедницата. Тука се одржувале дискусии, се чувал архивот на историските ракописи, во неа се наоѓала и библиотека. На врвот на кулата парохијците можеле да изнајмат и ковчежиња наменети за чување вредни предмети и документи на посебно опремено тајно место. Во 1917 година Црвената армија извршила експропријација на сите предмети на овој магацин. Црквата била позната по својата акустика и оргули, кои, за жал, не го преживеале советскиот период.
За време на Првата светска војна парохијците основале воена болница и организирале бесплатен оброк на Вознесенскиот сокак.
За време на Првата светска војна парохијците основале воена болница и организирале бесплатен оброк на Вознесенскиот сокак. Црквата ја почувствувала и Руската граѓанска војна: околу неа во 1917 година биле водени борби – од кулата болшевиците пукале на трпите на Времената влада при нивниот обид да дојдат до зградата на Моссоветот преку околните улици. Траги од куршуми сè уште можат да се видат на камената фасада на црквата. Во дваесеттите години на 20 век и оваа црква, како и многу други храмови во Москва, била затворан и претворена во станбена зграда со комунални станови. Но, овие станови не биле погодни за живеење, зашто прекрасната акустика оневозможувала каква било приватност. Причина, секако, бил дрвениот свод на црквата, кој бил толку добро изграден што речиси совршено ги одбива звучните бранови.
Според една московска легенда, во црквата на тајно место биле сочувани оргулите на кои Глен Глуд и други генијални оргулисти од тоа време ги снимале своите изведби. Тоа, за жал, не е вистина.
Затоа кон крајот на педесеттите години од минатиот век комуналните станови биле отселени, а зградата почнала да ја користи „Мелодија“, познатата советска музичка куќа за грамофонски плочи. Оваа зграда била одлично место за снимање, па во црквата се одржувале дури и концерти на симфониски оркестри. Според една московска легенда, во црквата на тајно место биле сочувани оргулите на кои Глен Глуд и други генијални оргулисти од тоа време ги снимале своите изведби. Тоа, за жал, не е вистина. Болшевиците го уништиле овој инструмент во дваесеттите години на 20 век и тој до денес не е реставриран. Затоа парохијците биле принудени да се задоволат со електрични оргули. Сепак, тоа не пречи премногу, зашто тие се многу квалитетни.
Во 1994 година зградата ѝ е вратена на англиската заедница. Денес, секоја недела околу 300 парохијци присуствуваат на богослужби кои се вршат исклучиво на англиски јазик. Во црковните простории се сместени и образовен центар, библиотека, неделно училиште и Заедницата на анонимни алкохоличари, но само за алкохоличари што зборуваат на англиски. Освен тоа, секој четврток и секоја недела се одржуваат добротворни концерти, а на нив учествуваат солисти од Филхармонијата и од Бољшој театар, европски оркестри и освојувачи на награди на меѓународни натпревари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче