Во Тверската област отворен Музеј на руските валенки

Русија со нов музеј прикажува дел од својата традиција

Музеј посветен на валенките - руски чизми од волна, во кој се изложени најдобрите примероци на мајсторската креативност - е отворен во градот Вишни Волочек во Тверската област.

Во музејската поставка се најдоа чизми од рачна изработка во различни бои и големини. Почесно место во новоотворениот музеј им припадна на „Цар-чизмата“. Нејзината висина е 2,25 метра, а тежината изнесува 52 кг.

Во новиот музеј не се изложени само модели на обувки, туку и на стар алат, на пример, рачна машина за чешлање на волната.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња