Казахстан веќе нема да го изнајмува „Бајконур“ на Русија?

Првиот и најголемиот космодром во светот повторно е тема во медиумите

Русија би можела да ја изгуби можноста за користење на космодромот „Бајконур“, кој остана на територијата на Казахстан после распадот на СССР. Астана размислува да го раскине договорот за изнајмување на космодромот кој го има склучено со Москва.  

Експертите сметаат дека Казахстан не располага со средства кои се неопходни за одржување на Бајконур и дека ваквите изјави претставуваат уцена со која Казахстан сака да издејствува зголемување на цената на закупот.

Русија за изнајмување на Бајконур плаќа 115 милиони долари годишно. Трошоците за користење на овој комплекс изнесуваат 163 милиони долари годишно.

Според договорот кој моментално е во сила, Русија може да го изнајмува Бајконур до 2050 година. Како што изјавуваат руските власти, после истекот на овој период, Москва ќе го прекине овој вид на соработка со Казахстан. Функцијата на „Бајконур“ ќе ја извршува новиот космодром „Восточни“ во Амурската област, која се наоѓа на рускиот Далечен Исток. Изградбата на новиот космодром започна оваа година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња