Хилари Клинтон посвети дел од својот говор на годинешниве избори: ја пофали Грузија, а за изборите во Украина рече дека тие се „оддалечување од демократијата‘‘. Извор: AP.
На седницата на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Даблин министерот за надрворешни работи на РФ настапи четврти, благодарение на двостепената замена со Белорусија и со Германија. Според извори од „Комерсант‘‘, блиски до секретаријатот на ОБСЕ, штом Хилари Клинтот, на која според извлекувањето ѝ припаднало 13 местото, дознала дека Сергеј лавров ќе зборува пред неа, барала да биде ставена на третото место. Но, успеала да се пробие дамо до седмото.
Клинтон на свој начин им се „осветила‘‘ на организаторите. Средбата требала да започне со заедничко фотографирање, па министрите од 66 земји дошле на време, а останало празно само местото на државниот секретар на САД. Госпоѓа Клинтон се појавила дури по 15 минути. За тоа време Сергеј Лавров разговарал со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберт Заниер, па дури и разменил неколку збора со Јанез Ленарчиќ, директор на Канцеларијата за демократски институции и човекови прави, чија работа врз мониторингот предизвикува остри критики од страна на Руската Федерација.
Сергеј Лавров особено внимание им посвети на забелешките на работата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права. Потсетувајќи дека во 2012 беа одржани избори во РФ, САД, Франција, Белорусија, Казахстан, Украина и во многу други земји, рускиот министер рече: „Во работата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права поврзана со изборите, повторно се појавија двојни стандарди. Во едни земји се упатени стотици набљудувачи, а во други само неколкумина. Една иста појава, како што се предвремените избори, во различни земји е различно оценета.‘‘ Тој ја повика ОБСЕ „да разрабори правила за набљудување на изборите без двојни стандарди‘‘. Руската Федерација го истакна проектот за решавање заедно со Белорусија и со Казахстан, но, како што беше очекувано, тој беше отфрлен од страна на САД , а повеќе други земји од Европската Унија на овој проект гледаа со скептицизам.
„
Во називот ОБСЕ еден збор е точен, а тоа е придавката „европски“.
И Хилари Клинтон посвети дел од својот говор на годинешниве избори. Ја пофали Грузија, а за изборите во Украина рече дека тоа претставува „оддалечување од демократијата‘‘. Таа исто така имаше забелешки за Белорусија и за Казахстан заради притисокот врз граѓанското општество и врз медиумите. Државната секретарка на САД ја критикуваше и Русија заради заострување на законот за НВО и обврската на организациите кои се финансираат од странство да се регистрираат како „странски агенти‘‘.
Според сѐ, оваа тема многу ги загрижува САД. Според информациите на „Комерсант‘‘ на средбата на постојаните членки на ОБСЕ одржана во Виена зад затворени врати, истите абелешки кон Руската Федерација биле упатени од страна на Гери Робинс, привремен ополномоштеник на САД. Според стенограмот од средбата (со кој располага „Комерсант‘‘), тој изјавил дека ваквата мерка е „воведена со цел да се задуши слободата на мислење и на граѓаните на РФ да им се оневозможи реализацијата на нивните права и основни слободи.‘‘. Позицијата на САД на тој состанок ја поделиле и претставниците на земјите членови на ЕУ.
Постојаниот претставник на РФ при ОБСЕ Андреј Келин за возврат им препорача на своите колеги да обратат внимание на фактот дека „законите на САД не се во согласност со високите стандарди за заштита на човековите права‘‘, при што наведе неколку конкретни примери на т.н. „неусогласеност‘‘. Така, според неговите зборови, „методите што ги применуваат руските правосудни органи за спречување на противзаконското делување на митинзи се похумани [одошто во САД и во ЕУ], зашто не се применуваат специјални средства како што се солзавец и бибер-спреј, водени топови, гумени куршуми и специјално обучени кучиња‘‘. Освен тоа, постојаниот претставник на Русија е уверен дека руските власти постапиле похумано кон Удаљцов, Развожаев и Лебедев, одошто САД кон информаторот на Викиликс Менинг. „Ниту еден од нив не ја доживеа судбината на Менинг, кој бил држен во самица без постелнина и без лични работи и со право на една 45-минутна прошетка во текот на денот‘‘, потсети дипломатот. На крајот од својот говор господинот Келин запраша: „Кога можеме да очекуваме напредок во истрагата за учество на европските земји во програмата на ЦИА за тајно апсење, депортирање и држење о тајни затвори на лица осомничени за тероризам? Сите истраги се прекинуваат без образложение или се одолговлекуваат до недоглед, а во некои земји воопшто и не се спроведуваат.‘‘
Постојаниот претставник на Русија е уверен дека руските власти постапиле похумано кон Удаљцов, Развожаев и Лебедев, одошто САД кон информаторот на Викиликс Менинг.
Седницата во Даблин уште еднаш покажа дека РФ и западните земји различно гледаат на иднината на ОБСЕ. Русија би сакала ОБСЕ наместо со човековите права да се занимава со безбодноста и со економијата. „Во називот ОБСЕ само еден збор е точен, а тоа е придавката 'европски'‘‘, се пожали на „Комерсант‘‘ извор од делегацијата на Руската Федерација. „Организацијата не постои, зашто ОБСЕ нема статут. Таа исто така не може да обезбеди сигурност, а и во поглед на соработката состојбата е тажна‘‘. Руската Федерација смета дека ОБСЕ заради својот „неизбалансиран‘‘ и „исполитизиран‘‘ пристап кон проблемите станува сѐ помалку ефикасен.
Забелешки на работата на ОБСЕ вчера исто така изнесоа и претставници на западните земји, меѓу кои и САД. Но, тие предложија дијаметрално спротивен начин за регулирање на состојбите – предложија ОБСЕ поинтензивно да се занимава токму со човековите права.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче