Распоредувањето на проектили Патриот во Турција, близу границата со Сирија, е индикација дека НАТО почнува да се меша во конфликтот во Сирија, рече рускиот амбасадор во алијансата Александар Грушко.
„Тешко е да се претпостави дека Сирија е заинтересирана за разгорување на тензиите на границата. Распоредувањето на проектили Патриот индицира дека НАТО, сепак почнува да се меша во конфликот“, рече дипломатот во ТВ јавување од Брисел.
Грушко потврди дека постои опасност од вмешување на НАТО во сирискиот кофликт, како резултат на можните инциденти на турско-сириската граница.
"Ние гледаме опасност во понатамошно мешање на НАТО во развојот на настаните во Сирија, како резултат на некои инциденти на границата“. рече тој.
„Знаеме дека имаше некои инциденти близу границата, како гранатирања, на пример. Но, првото прашање кое се поставува е - зошто се распоредени проектилите Патриот?“, праша тој.
Затоа што, како што тврди тој, ракетниот систем Патриот не е во состојба да неутрализира таква закана, како гранатирање. „Системот е наменет за соборување на воени авиони, а има и анти-ракетни можности“, подвлече дипломатот.
„А при тоа, лидерите на НАТО постојано зборуваат дека Сирија не е Либија и дека Алијансата нема политичка улога во состојбата во Сирија“, вели Грушко.
„Во овој момент потребни се интензивни дипломатски напори за остварување на политичкиот процес на основа на платформата од Женева, а не демонстрација на сила и подготовки за воена интервенција“, рече дипломатот.
Во текот на минатата недела министрите за надворешни работи на НАТО, го поддржаа турското барање за распоредување на ракетниот систем Патриот на нивна територија. Турција го образложи ова барање со гранатирањето на нејзината територија кое доаѓаше од територијата на Сирија.
Лидерите на НАТО подвлекуваат дека распоредувањето на Патриот ќе биде исклучиво во одбранбени цели. Се планира неколку стотици војници да бидат распоредени на овој дел на територијата на Турција, со цел да управуваат со овие ракетни системи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче