Во Кинотеката на Македонија се започнува со ретроспективно прикажување на делата на рускиот режисер Андреј Тарковски. Првин ќе се прикаже филмот „Соларис“, а потоа и „Сталкер“, „Ивановото детство“, „Адреј Рубљов“ и „Огледало“, соопштува ИТАР-ТАСС.
Приказот на филмови од познатиот филмски режисер и сценарист во Македонија се организира со поддршката од амбасадата на Руската Федерација во Скопје, Рускиот културно-информативен центар во Софија, Кинематографскиот фонд на Република Македонија и Културниот центар во Битола.
Гостин на приказот на филмовите ќе биде и заслужената актерка на Русија - Наталија Бондарчук.
„Тие луѓе кои ги гледаат и сакаат филмовите на Андреј Тарковски живеат исполнет живот, живот каде има убавина, љубов и смисла за нивното битисување на оваа планета“, - забележа актерката.
Бондарчук напомна дека во Македонија не само што го сакаат Андреј Тарковски, туку него и го изучуваат. Според нејзините зборови, „во оваа држава повеќето луѓе веќе го гледале „Соларис“, а денеска повторно дојдоа да го гледаат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче